Петар Печков
Објавено: недела, 16 септември 2012
Август 2010. Десет дена двајца мажи го обиколуваат островот Линос, снимајќи со видеокамери и правејќи дигитални фотографии на секоја педа на островот, вклучително и на воените објекти и патиштата што водат до нив. Во тоа никој не гледа ништо невообичаено!
Август 2011. Истите луѓе повторно доаѓат за да соберат уште материјали. И тогаш без проблеми прават што сакаат!
Септември 2012. За време на третата и последна посета тие се уапсени под обвинение за шпионажа. Во нивните супермодерни камери и фотоапарати има се што и е потребно на некоја странска сила да знае за да го заземе овој остров кој претставува мост кон континентална Грција!
Дали е тоа шпионажа? Како таква ја третираат грчките власти, со образложение дека двајцата чешки државјани уапсени во неделата немаале дозвола за снимање. Но, дури и да имале дозвола, тие немаат право да снимаат воени објекти. Тоа е обвинението... Но, што ќе се случи во судот каде што се разгледува овој случај, е сосема друго прашање.
Уапсените Чеси кои првично беа обвинети дека се најмени шпиони на соседна држава, не се кои било. Давид Заплетал е фотограф, а Павел Гуглава е оператор и вебдизајнер. Тие се експерти за снимање на детали што можат да се искористат во интернет просторот. Тие подготвувале „војна во Егејското Море до која доаѓа по навлегувањето на ирански воени сили што се случува во 2030 година“.
Јасно е дека не станува збор за реален напад, туку за сценарио за интерактивна електронска игра наречена „Арма 3“, која е дело на чешката компанија „Бохемија Интерактив“. Оваа компанија стана популарна во последните години поради нејзините капацитети да создаде софтвер со 3Д графика во реално време користејќи вештачка интелегенција.
Двајцата уапесени шпиони се „ѕвезди“ на компанијата задолжени за снимање и за пренесување во електронски вид и на најситните детали, вклучително и на моќта на светлината во секој еден час од денот на конкретно место.
Во деновите додека престојувале на островот Лимос двајцата Чеси ја „претресле“ секоја педа од 270-те квадратни километри, вклучително и сите воени капацитети. За таа цел тие го посетиле и Агиос Евстратиос, вториот грчки остров на кој е замислен нивниот воен судир и кој има стратешка позиција. Вкупно над 50 села, патиштата што водат до нив, плажите, па дури и длабочинтата на морето се регистрирани на супермодерните камери за да бидат искористени како локација за предвидениот конфликт.
Играчот на „Арма 3“ е во улогата на капетан Скот Милер од силите на НАТО, пред кого се одвиваат сите сцени од играта, вклучително и борбените активности. Со други зборови во „Бохемија Интерактив“ предлага стартна состојба, но играчот може да го менува текот на играта по негова желба.
Последните детали се уточнуваат и прашање на време е кога играта ќе се појави на пазарот.
Поради ова се поставува прашањето околу користењето на снимениот материјал. Сопственикот на „Бохемија Интерактив“ и сценарист на играта Иван Бухта одбегнува да објасни зошто токму грчкиот остров Лимос е избран за место на „Арма 3“. Самиот тој, некако нејасно, нагласува дека е направен обид на играчите колку што е можно повеќе да им се приближи реалноста, иако „поради многу причини неможе да биде точна копија на Лимос“.
Сценаристот на играта признава дека пред испраќањето луѓе на грчкиот остров имало подготовки на локација во близина на чешкиот град Брно кои траеле пвоеќе недели. За време на тие подготовки експертите ја користеле алатката Google Earth, проучувајќи мапи и внимателно избирајќи места кои треба да бидат снимени. Тој не прецизира дали тие се интересирале и за движењето на воените возила или за маршутите на меѓуградските автобуси. Секако ќе се согласите дека има премногу детали за потребите на една електронска игра.
Но, повознемирувачки е нешто друго. Од изјавата на Иван Бухта станува јасно дека пренесувањето на реалната состојба на островот Лимнос на екраните на компјутерите не е само дел од создавањето на игра, туку нешто повеќе. - Ние се обидовме да воспоставиме директна врска со барањата на нашите воени клиенти на кои им е потребна симулација во однос 1:1, вели Бухта.
Кои се тие „воени клиенти“ и поради кои причини имаат „барања“ од една компанија која изработува копјутерски игри, Бухта не објаснува. Ако се знае дека „Бохемија Интерактив“ на располагање ги има сите детали за оржјата, ракетите, хеликоптерите и сето она што е последен збор на техниката на НАТО, станува јасно дека поседува доста богат материјал.
текстот е преземен од Прото Тема - Атина
Tweet |